Нови детали за смртта на Давиде Астори - капитенот на Фиорентина не починал во сон

 

Поранешниот италијански фудбалер и играч на Фиорентина, Давиде Астори не починал во сон, како што се пишуваше во медиумите, јавува „Газета дела спорт“.

Аутопсијата покаала дека капитенот не починал поради успорување на работата на срцето, туку поради последица од тахикардија -забрзана работа на срцето.

Овој весник исто така пишува дека фудбалерот можел да биде спасен доколку некој бил со него во собата.

„Не сакам да претскажувам ништо, можам само да кажам дека различните досиеја се повторно отворени. Моите колеги работат на тоа. Наскоро ќе одлучиме дали да го затвориме случајот или да продолжиме“, рекол јавниот обвинител Антонио де Николо.

 

 

 

09.06.2018 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега