Во Преспа запален автомобилот на пратеникот на СДСМ Локвенец

 

Запален е автомобилот на пратеникот на СДСМ од Прилеп, Хари Локвенец. Инцидентот се случил откако беа објавени фотографиите од Преспа, од потпишувањето на договорот за името со Грција, на кое присуствуваше и тој, пренесе Макфакс.

Од МВР информираат дека случајот бил пријавен синоќа во 23.05 часот во СВР-Битола. Пратеникот Локвенец пријавил дека околу 23 часот непознат сторител го опожарил патничкото возило „мини купер“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на неговиот татко. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил  изгаснат. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

18.06.2018 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега