Драма во Скопје со кобен крај: Автобус влетал во тезга, едно лице почина
Драма се одвивала во Скопјекога во 15.45 часот на улицата „Индира Ганди“, додека 55-годишниот К.Н. од Скопје продавал на тезга, забележал дека возач на приватен автобус се движел кон тезгата и од непозната причина не можел да го сопре автобусот, по што удрил во неа.
К.Н. ја оттргнал внуката од местото на настанот со цел да не бидат повредени, по што му се слошило и паднал во бесознание. Со друго возило бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што од страна на лекар била констатирана смрт.
Со одобрение на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа