Му јавиле дека се изгубени на Галичица па им се изгаснале телефоните
Во 18.05 часот вчера во Секторот за внатрешни работи Охрид, 44-годишниот Б.Т. од Охрид пријавил дека истиот ден околу 16 часот телефонски се слушнал со неговите пријатели Г.А. и Р.Т. од селото Радолишта, струшко, кои му кажале дека се наоѓаат на планината Галичица, но дека не ја знаат точната локација.
Возилото со кое биле, претходно го оставиле во селото Велестово.
Од тој момент до 21.00 часот лицата биле недостапни на своите мобилни телефони.
Во 21.00 часот со лицата бил остварен телефонски контакт, а во 05.00 часот на 19.06.2018 година лицата биле пронајдени.
19.06.2018 - 10:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа