Работник од охридско тешко повреден- машина му ја згмечила десната рака
Вчера попладне околу 14 часот и 30 минути на улица„Партизанска“ во Струга, при изведување градежни работи во станбена зграда во изградба, односно при работа со машина за изработување на подлоги, 21- годишниот С.М од село Горенци, охридско, ја повредил десната рака.
- С.М. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“-Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на лекување. По овластување на Јавен обвинител, увидна екипа од Полициската станица Струга и инспектор од државниот инспекторат за труд-Струга извршиле увид на местото на настанот- се вели во соопштението од полицијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа