Скопјанец го застрелале додека одел на улица
Во 13 часот и 15 минути во Секторот за внатрешни работи Скопје, З.С. пријавил дека додека се движел по улицата „Борка Талевски“, со една дијабола бил погоден во пределот на раката.
По преземени мерки било утврдено дека лицето кое пукало од воздушна пушка е 63-годишниот Ѓ.С. од Скопје.
Тој бил приведен во полициска станица, а пушката била одземена.
По целосното расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
20.06.2018 - 15:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа