МВР со детали за пожарот во Куманово

 

Вчера во 12 часот и 30 минути во Полициската станица Куманово, од Територијалната противпожарна единица Куманово било пријавено дека во куќа на улицаДоне Божинов во Куманово настанал пожар.

-По кажување на сопственичката 51- годишнатаЦ.Б од Куманово, пожарот настанал додека таа била излезена и немало никој во куќата. Од пожарот изгорела дел од покуќнината- соопштуваат од МВР.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица, а по овластување на Јавен обвинител увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

 

 

 

21.06.2018 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега