СДСМ: Се враќаат долговите од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ

Факт е дека Владата предводена од СДСМ одговорно управува со јавните финансии, ја намалува фреквенцијата на задолжување и редовно ги сервисира наталожените долгови, се вели во соопштението од СДСМ.

„Со дел од средствата од вчерашните аукции се враќаат стари долгови направени од ВМРО-ДПМНЕ. Овие средства се обезбедени со пониски камати во однос на аукциите во минатото кога се движеле и до 4,60%.Само во месец јуни по основ на претходни долгови, односно за претходно издадени државни хартии од вредност за исплата доспеваат речиси 30 милиони евра“веласт оттаму

Од патијата велат дека лицемерна е ВМРО-ДПМНЕ.

„После економскиот пустош што го направи, кога граѓаните и државата беа задолжувани и осиромашувани само за да се остваруваат нечии криминални интереси, ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за задолжувања.Владата предводена од СДСМ продолжува со одговорно и домаќинско управување со јавните финансии. Со таквите политики, се отвораат можности за сериозен пад на јавниот долг за неколку години, откако ќе бидат исплатени старите задолжувања оставени од ВМРО-ДПМНЕ, кои со каматите изнесуваат над 2 милијарди евра“ нагласуваат во своето соопштение од СДСМ.

 

 

 

21.06.2018 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега