Трите дечиња во Велес прегрнати изгореле во куќата - страшни детали за трагедијата

 

Трите деца на Никола Давчевски и Марина Антониевска од Велес вчера изгореа во пожар во куќата, а кога пожарникарите и брзата помош пристигнале, веќе им немало спас.

ТВ24 од извори блиски на истрагата дознава дека остатоците на изгорените тела биле најдени легнати еден врз друг. Никола и Марина со малолетните деца и уште еден 19 годишен посинок биле социјално загрозено семејство. Соседите раскажуваат дека тука се населиле пред околу две години, но ретко контактирале со луѓе.

Семејството живеело од продавање пластични шишиња.

Освен дека е дадена наредба за аутопсија, други официјални информации околу причината за пожарот нема.

 

 

 

21.06.2018 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега