Тешка несреќа во Македонија - прегазено осумгодишно детенце

 

Во 16,20 часот на патот Битола-Демир Хисар, во селото Кукуречани, патничко возило „Цитроен“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 47-годишниот Б.М. од Демир Хисар, удрило во осумгодишно дете од селото.

Од ударот момчето се здобило со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Општа болница Битола каде му била укажана лекарска помош и бил задржана на лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.

 

 

 

22.06.2018 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега