ВМРО-ДПМНЕ: Повеќе од една година СДСМ се фалат и ги претставуваат како свои проектите на ВМРО-ДПМНЕ

Картелот на чело со Коте Заев нема идеи и визија за државата. Повеќе од една година се фалат и ги претставуваат како свои проектите на ВМРО-ДПМНЕ. Експресниот пат Ранковце- Крива Паланка е проект на ВМРО-ДПМНЕ, со обезбедени средства и отпочната градба уште во 2015 година, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Патот Ранковце – Крива Паланка е во должина од 26 километри и неговата изградба беше поделена во две фази. СДСМ наместо да се фали со проектите кој друг ги овозможил и започнал треба да одговори на граѓаните каде се ветените 600 километри нов автопат и 550 километри нови магистрални патишта. Граѓаните не можат да бидат манипулирани. Граѓаните знаат кој колку направил за Република Македонија. Со СДСМ државата пропаѓа. Повеќе од една година Република Македонија стагнира на инфраструктурен  план. Десетиците автопати и експресни патишта кои беа во тек на градба од времето на ВМРО-ДПМНЕ беа запрени без причина скоро цела година, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„СДСМ нема капацитет да создава и гради. Единствен проект кој СДСМ го направи на полето на инфраструктурата е организирањето на чочек во тунелот на автопатот кој ВМРО-ДПМНЕ го направи. Една година беше доволно за граѓаните да се потсетат како изгледа државата кога СДСМ е на власт. Стопирање, стагнација, немаштија. Република Македонија не смее да продолжи во овој правец. Државата мора да се врати на патот на просперитет. СДСМ и Коте Заев мора да си заминат, за Македонија да победи“.

 

 

 

22.06.2018 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега