СДСМ: Нето платата во април изнесувала 23.942 денари и понатаму ќе се зголемува

Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални резултати, соопштуваат од СДСМ.

Според официјалните податоци објавени од Државниот завод за статистика, просечната нето плата во април 2018 изнесувала 23.942 денари.

Во споредба со просечната плата во април 2018 година е за 5,6 отсто повисока во однос на април 2017 година.

„Зголемувањето на минималната плата ја отвори спиралата на раст на платите, фактот што околу 90.000 работници добиваат повисока плата позитивно влијае врз растот и на просечната плата.

Мерките што се спроведуваат обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, повисоки плати и подобар животен стандард.

Со решавањето на спорот со Грција и со приближувањето на Македонија кон членство во НАТО и интеграцијата во ЕУ, се очекува трендот на раст на платите да се засили и интензивира, со крајна цел просечната плата да достигне 30.000 денари веќе до крајот на 2019 година“, стои во соопштението на СДСМ.

 

 

 

 

 

23.06.2018 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега