Десет милиони луѓе полудеа за овој рецепт: Јапонски чизкејк од само 3 состојки
Десет милиони луѓе веќе го испробаа овој вирален рецепт и велат дека ги воодушевил. Ако барате брз, едноставен и евтин рецепт за викенд, јапонскиот чизкејк е решение.
Потребни ви се:
3 јајца
120 грама чоколада
120 грама кремсир
Рерната загрејте ја на 170 степени Целзиусови. Чоколадата стопете ја и додадете кремсир, па измешајте. Потоа смесата отстранете ја од пареа и додадете 3 жолчки.
Белките изматете ги во шлаг, па третина од смесата додадете во чоколадото и кремсирот. Винмателно и нежно помешајте, па повторно додадете уште третина и повторете ја постаппката.
Калапот за печење торти обложете го со хартија за печење и врз него излијте ја смесата. Удрете неколку пати со калапот на маса за меурчињата да избијат надвор, потоа ставете го во длабока тепсија во која сте ставиле вода.
Печете на 170 степени 15-тина минути, а потоа намалете на 160 степени и печете уште 15 минути.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа