Поевтина струја за 7%
Од 1 октомври цената на струјата во Хрватска треба да се намали за шест до седум проценти. Хрватската државна енергетска компанија ќе го намали производствениот дел на цената на електричната енергија за 10,7 проценти што значи дека домаќинствата од почетокот на наредниот месец ќе добиваат значително пониски сметки.
Оваа вест е соопштена откако енергетскиот регулатор ХЕРА викендов усвои нова методологија за формирање на цените за испорака на електрична енергија.
Во Македонија цената на струјата се намали во август, а таква одлука е донесена и во Бугарија.
15.09.2013 - 23:18