Семејна трагедија: Пукал во синот, снаата и сосетката па се самоубил

 

Пукал во синот, снаата и сосетката па се самоубил. За семејна трагедија во Земун јавуваат српските медиуми. Според објавените информации, вечерва околу 20:30 часот поворзасен маж од се уште неутврдени причини, почнал да пука кон својот син, неговата сопруга и една нивна сосетка.
Откако испукал неколку куршуми, сам си пресудил. Соседите видно вознемирени велат дека на пукањето му претходела расправија. Синот, снаата и сосетката се повреди се префрлени во болница од каде за српските медиуми велат дека не се во животна опасност.
Се уште не се знае, кои се причините за кавгата. 

16.09.2013 - 00:13

најчитано сега