Скопјанец дивеел во ресторан: Искршил чаша од својата глава, па завршил во болница
Во Полициската станица Драчево, вчера околу 20:10 часот, 43-годишната Е.Џ. од Скопје пријавила дека истиот ден околу 18:20 часот во угостителски објект во нејзина сопственост на улица „Бранко Заревски“, 28-годишниот Ж.А. од Скопје го нарушил јавниот ред и мир.
Според пријавеното, тој бил под дејство на алкохол и во еден момент почнал непристојно да се однесува, да превртува маси и да крши чаши. Една чаша скршил од својата глава и се повредил, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски “. По укажаната лекарска помош, тој бил пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа