Сообраќајка во Автокоманда - жена заврши со тешки повреди
Вчера во 11:00 часот на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Фолксваген Голф“ со скопски регистерски таблици управувано од 24-годишниот А.А. од Скопје и патничко моторно возило „Хјундаи Акцент“ со скопски регистерски таблици управувано од 21-годишниот А.Т. од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото моторно возило „Фолксваген Голф“, 39-годишната Н.А. од Скопје која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа