Ни пари, ни дрва - скопјанка вешто измамена

 

Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера, 71-годишната В.С. пријавила дека истиот ден околу 15:00 часот на улица „Алексо Демниевски“ од страна на непознато лице и била извршена измама за износ од 8.000 денари. 

Сторителот измамата ја извршил на тој начин што додека пријавителката седела во нејзината куќа дошло лицето нудејќи и за продажба три кубни метри огревни дрва за цена од 8.000 денари. В.С. му  ги дала парите, а тој и кажал дека за кратко време ќе и ги донесе дрвата во дворот по што си заминал и не се вратил. 

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

27.06.2018 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега