Во судница пукна првата бомба за Чаир

 

Денешното рочиште за случајот Титаник 3 ќе трае до 13 часот, и тоа по барање на одбраната, бидејќи обвинетиот Ејуп Аљими, кој е пратеник од ДУИ, морал да замине во Брисел.

-За ефикасноста на постпката не баравме одложување, но бараме рочиштето да заврши до 13 часот бидејќи Аљими има лет во 14 часот за Брисел – истакна адвокатот на пратеникот.

 

Тој додаде дека пратеникот бил повикан како координатор на пратеничката група на ДУИ. Судијката Оља Ристова го прифати барањето на одбраната.

На рочиштето треба да сведочат неколку сведоци, но претходно обвинителката Фаиме Фетаи, побара да бидат презентирани материјални докази.

Веднаш потоа оддекна една бомба во која две лица на албански јазик прават договор за гласанње.

„Ќе гласаш за Струмица пошто сме договорени за Чаир“. Соговорникот пак му вели дека сега ќе заокружи, по што добива коментар дека ако се поништи за Струмица, ќе се договорат за Чаир.

Обвинителката Фетаи истакна дека од овој телефонски разговор тргнало се односно СЈО од тука ја добило надлежноста за овој случај.

Адвокатите пак реплицираа дека го оспоруваат доказот бидејќи лицата кои зборуваат не се обвинетите Аљими и Исмет Гури. Исто така забележаа дека не е познато времето кога е снимен разговорот, за кои избори зборуваат и слично.

 

 

 

28.06.2018 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега