Исповед на Србинот чии родители беа претепани на трибините: Десетина Бразилци не тепаа, а Срби снимаа со мобилните
Едно српско семејство ќе го памети Светското првенство во Русија но не по добро.
Имено фотографии го обиколија свет од тепачка помеѓу српски и бразилски навивачи,а еден од учесниците објаснил што се случило.
-Седевме јас татко ми и мајка ми, а пред нас имаше десетинаБразилци кои постојано не провоцираа и покажуваа среден прст, во еден момен на татко ми му пукна филм и го направи истото, и тука започна се. Во публиката имаше и српски навивачи, но никој не се ни обиде да не раздели освен еден редар и мајка ми. На крајот дојдоа од обезбедувањето и некако ја смирија ситуацијата- рекол учесник во тепачката.
Тој и неговиот татко се здобиле со повреди на главата, а за среќа мајката не е повредена.
Навивачот исто така навел дека неговите сограѓани не ни помислиле да му помогнат, туку сето тоа го снимиле со мобилни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа