Претепан скопјанец заврши во болница: Го извадиле од дискотека на сила па со клоци и тупаници го удирале по глава

 

Рано утринава во 03 часот и 50 минути во Секторот за внатрешни работи Скопје М.М.(31) пријавил дека истиот ден околу 03,30 часот додека бил во ноќен клуб во село Марино од страна на сопственикот на локалот бил насилно изваден од локалот, а потоа бил физички нападнат со тупаници и клоци во пределот на главата и телото од едно лице од обезбедувањето на клубот, се вели во соопоштението од МВР.

Со возило на Итна медицинска помош М.М. бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на медицинска помош.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

01.07.2018 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега