Груевски: Заев да одговори дали дал тендери на своите татко и чичко

Претседателот на македонската Влада, Никола Груевски, денеска го повика градоначалникот на Струмица и лидер на СДСМ, Зоран Заев, да одговори дали дал тендери на неговиот татко и чичко.

- На вчерашната прес-конференција беше кажано дека општината и институциите што се под општината давале тендери на таткото и чичкото на градоначалникот, господинот Зоран Заев. Потоа гледав некакви одговори од СДСМ коишто кажуваат колку тој инвестирал и колку тој работел. Мислам дека одговорот треба да биде давал тој тендери на татко му и на чичко му или не давал. Да не бегаме со одговори дали работел или инвестирал или дали бил успешен или неуспешен. Прашањето е дали давал или не давал тендери на татко му или на чичко му, изјави премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарски прашања по денешното отпочнување со градба на нов објект на КПД „Идризово“.

16.09.2013 - 14:40

најчитано сега