Јанакиески додели решенија за легализација на дивоградби во Кавадарци

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски денеска додели решенија за легализирање на дивоизградени објекти во Кавадарци.

- Во земјава досега се легализирани 60 илјади дивоизградени објекти. Остануваат за легализација уште околу 200 илјади, кои немаат соодветна документација или геодетски елаборат. Рокот за поднесување на документи за легализација е јуни 2014 и апелирам до граѓаните час поскоро да поднесат документи, затоа што после рокот нема да може да ги легализираат објектите, рече Јанакиески.

- Граѓаните не треба да чекаат да дојдат април и мај следната година за да поднесат документи. Засега не се размислува за пролонгирање на рокот за поднесување на документација, додаде ресорниот министер.

16.09.2013 - 16:19
Фото: 
Влада

најчитано сега