Иванов со преполна агенда во Албанија

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска ќе има свое обраќање на 5. Регионален претседателски самит на тема „Пристапи кон практична употреба на можностите за поефикасна регионална соработка“ кој се одржува во албанскиот град Драч.

Освен претседателот Иванов, на Самитот чиј домаќин е албанскиот претседател Бујар Нишани ќе учествува претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ и претседателот на Република Косово, Атифете Јахјага.

Според најавите, Иванов денеска треба да оствари повеќе билатерални средби. По завршувањето на Самитот, Иванов ќе замине во Тирана, каде ќе се сретне со албанскиот премиер Еди Рама и со претставници на Македонското национално малцинство.

Претседателски самити од овој формат досега се одржани во Валона, Призрен, Охрид и Будва.

17.09.2013 - 08:31

најчитано сега