Анкета во Скопје: Од 15 години се сексуално активни а не знаат ништо за сексот!

 

Според анкетата што ја спроведе производителот на кондоми Дурекс, кај младината има мала свесност и голема неинформираност за сексот и последиците од него.

-Мотивот за спроведување на ова истражување беше да дознаеме колку тинејџерите се информирани за последиците и ризиците од активниот сексуален живот, па според тоа да креираме кампања која ќе ги едуцира и ќе го олесни влегување на тинејџерите во сексуалната зрелост, за да бидат подготвени и упатени во ризиците од сексуално преносливите инфекции и несакана предвремена бременост, изјави Елена Гагиќ од Меркур Трејд генерален дистрибутер на брендот Дурекс за Македонија, пренесе Курир.

 62% од вкупниот број на испитаници одговориле потврдно на прашањето дали користат кондом при сексуалниот чин. Според анкетата, тинејџерите информациите за употребата на презервативи ја добиваат од интернет 54%, информации прекажани од кругот на пријатели 27%, 17% се информирале од другите медиуми, а 2% информациите ги добиле од разговор со родителите, а само 5 % биле на доктор за да добијат информации за сексот и последиците од него.

-Покрај уживањето при сексуалниот чин коешто треба да биде взаемно задоволство, исто така и сексуалната одговорност е взаемна, а тоа се двата темели врз кои Дурекс се изградил како производ и како бренд. Токму затоа едукацијата на младите ја сфаќаме како наша одговорност и затоа наша цел е: што поголем број тинејџери да знаат како се користат презервативите, како и колку долго се чуваат и дека купувањето кондоми и безбедниот сексуален чин е сечија одговорност“, изјави Елена Гагиќ.

-Возраста меѓу 15 и 18 година е исклучително важна за постигнување на сексуалната зрелост на тинејџерите. Во овој период, доаѓа до израз реализацијата на нивната сексуалност, прифаќањето на истата како и оформување на сликата или перцепцијата поврзана со сексот и сексуалниот чин. Многу е важно каква слика ќе изградат за сексот и како ќе ја стекнат одговорноста во врска со сексуалниот чин. Иако тоа е долг  процес, сепак првиот чекор е отворено разговарање, интересирање и дозвола за лесно да можат да прашуваат за сето она што ги интересира. Потребно е да им овозможиме на тинејџерите отворено да разговараат и на правилно место да бараат точна информација, а не да „крадат“ од несигурни и нерелевантни извори, изјави психологот Марија Стефанова, пренесе Курир.

Инаку, со анкетата беа опфатени тинејџери од 15 до 18 години во повеќе скопски средни училишта.

17.09.2013 - 11:02
Фото: 
точка

најчитано сега