Официјално Барозо и Самарас не зборувале за Македонија - неофицијално се бара ЕК да “олади” за Македонија

 

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, денеска се сретна со грчкиот премиер Андонис Самарас.

Според официјалните изјави на двајцата соговорници, на средбата било разговарано само за структурните и фискални реформи во однос на економската ситуација во Грција, како и за грчкото претседателство со Унијата кое започнува на 1 јануари 2014 година.

Сепак, неофицијални извори од Комисијата, за дописникот на МИА од Брисел велат дека Самарас побарал од првиот човек на неформалната Влада на Унијата, ЕК да “олади” од Република Македонија.

- Грција се враќа на патеката и економски заздравува, порача по ссотанокот Самарас.

Имено, иако се појаснува дека се разговарало “за ситуацијата во Грција и идното шестмесечно грчко претседателство со ЕУ”, сигурно е дека станало збор и за Македонија и грчкото инсистирање за “умртвување” и еквидистанца на Комисијата во однос на прашањето за името.

Минатата недела, МИА објави и дека Самарас вршел личен притисок врз Филе да престане да се зазема за Македонија и да и помага на земјата во евроинтеграциите. 

17.09.2013 - 15:33
Фото: 
Сител

најчитано сега