Хорор во Македонија: Се обидел да силува дете па го расекол со нож
51 годишен жител на Тетово пријавил дека околу 17,00 часот неговата 10-годишна ќерка, во близина на зградата во која живееле, била нападната од машко лице, кое и се доближило и со нож и нанело неколку исеченици, а откако напаѓачот бил удрен од девојчето, го напуштил местото на настанот.
Ова лице, според кажувањето на девојчето, и пред два дена ја нападнало во домот, во кој незабележано влегло и ја допирало по телото.
По преземени мерки во Полициската станица Тетово, приведен и задржан е М.Б.(33) од Тетово, кој се сомничи дека го нападнал девојчето и од кого е одземен еден ловечки нож со футрола.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа