Женската интуиција ја предвидела премијата - среќен струмичанец добитник на премијата 6+1

 

По рекордната премија 6+1 од неодамна, во 66то коло, 73коло на Новолото 7/34 донесе уште еден добитник на оваа примамлива добивка. Станува збор за играч од Струмица кој уплатата за 73то коло ја направил во продажнотот место „Ваткос“ во Струмица. Среќното место со знакот на Детелинката, на пензионерот кој сака да го сочува својот идентитет, се покажало како навистина такво, носејќи му ја оваа убава премија вредна 229.116,00 денари.

Најновиот добитник е пасионарен играч на овие игри на среќа, а покрај НОВОЛОТО 7/34 сака да игра и Џамбо Бинго и Инстант лотарија. Токму неговата убава пасија покрај оваа премија, претходно му ја обезбедила и добивката 6ка во НОВОЛОТО 7/34.

Мошне интересно е што вечерта кога течело самото извлекување, не го следел тој лично, туку  неговата сопруга спремајќи зимница. Но, таа не ги знаела броевите кој тој ги одиграл. Во еден момент и прелетала мисла дека можеби нејзиниот сопруг е  среќниот добитник. Женската интуиција  се потвдрила како прецизна. Наредниот ден, кога самиот среќен играч проверил, се израдувал на убавата добивка и информацијата веднаш ја споеделил со својата сопруга. Двајцата биле пресреќни,  а парите од премијата се договориле да ги поделат меѓусебно, за да ги искористат во кругот на семејството и за домашни потреби. 

 

Државна лотарија на Македонија ве поканува уште вечерва да ги тестирате вашите среќни бројки како потенцијална среќна НОВОЛОТО 7/34 комбинација. Со задоволство Ве потсетуваме дека фондот за 7ка е и понатаму во пораст. Во вечерашново 75то коло фондот ближи до 10 милиони денари, погледнете го вечерва од 20ч со прекрасната Марјана на Сител телевизија.

 

18.09.2013 - 09:03

најчитано сега