Трагедија во Македонија: Малолетник донесен мртов во болница
Околу 23 часот и 30 минути синоќа во Општата болница во Охрид, било донесено починато лице.
Според насоки на Јавниот обвинител, преземени се мерки при што е утврдено дека се работи за малолетно лице од Охрид на возраст од 17 години кое претходно се движело по улицата „Марко Цепенков“ со уште неколку негови другари.
Во еден момент истиот паднал на улица, а потоа бил пренесен во Општата болница Охрид, каде што од страна на лекар констатирана била смрт.
По наредба на Јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.
02.08.2018 - 13:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа