Сообраќајка во Куманово, малдо момче заврши на скопските клиники

 

На магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, кај село Облавце, вчера попладне во 17 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Дачија дастер“ со скопски регистерски таблици управувано од 70 - годишниот М.П од Скопје, патничко моторно возило „Цитроен“  со кумановски регистерски таблици управувано од 30- годишниот И.П од село Режановце-Куманово и мотоцикл без регистерски таблици, управуван од 23- годишниот Ј.В од Куманово, соопштуваат од МВР.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот Ј.В., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Куманово, по што бил префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

 

 

 

 

03.08.2018 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега