Фатени 8 мигранти во возило на гевгеличанец
Синоќа во 4 часот утрината на место викано „Прждевски споменик“ полициски службеници забележале патничко возило „Фолксваген Шаран“ со скопски регистарски ознаки кое со голема брзина се движело во правецот Демир Капија-Неготино.
Возилото било запрено и во него биле пронајдени пет лица од Пакистан и три лица од Бангладеш, а го управувал 36-годишниот И.Д. од Гевгелија. Возачот и мигрантите биле предадени во Полициската станица Неготино. Против И.Д. е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, а од страна на судија на претходна постапка му била одредена мерка притвор во траење од осум дена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа