Страшна сообраќајка во Македонија: Двајца починаа на лице место

 

Околу 14,30 часот вчера било пријавено дека на магистралниот пат Штип-Велес, поточно на место викано Три чешми, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Волво“ со српски национални ознаки, управувано од С.Р. од Р.Србија, и товарно моторно возило „Мерцедес“ со штипски регистерски таблици, управувано од 58-годишниот Р.К. од селото Дамјан-радовишко.

Во незгодата на самото место починале двајцата возачи, додека двајца сопатници од товарното моторно возило „Мерцедес“ Д.Д.(22) и С.Д.(28) и двајцата од Штип се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Клиничката болница во Штип, каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршил Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Штип и се работи на целосно расчистување на настанот.

 

 

 

04.08.2018 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега