Бугарки фатени на дело на Зелен пазар во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје поднесе кривична пријава против З.Н.З.(19), Д.А.Д.(27) и Д.М.Д.(41) од Република Бугарија, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „кражба“.
Тие на улицата „11-ти Октомври“ во Скопје поточно на Зелен пазар, откако го забележале оштетениот како пазари на една од тезгите, првопријавената искористувајќи ја гужвата во пазарот и невниманието на оштетениот се доближила до него, додека второпријавената и третопријавената се туркале во оштетениот со цел да му го одвлечат вниманието.
Притоа, пријавената З.Н.З. со протнување на рака во џебот од панталоните на оштетениот го одзела новчаникот, во кој имало 5.100 денари, и документи, при што се стекнале со противправна имотна корист од 12.000 денари.
Пријавените биле забележани од страна на сопругата на оштетениот и веднаш била известена полиција.
Од страна на полициски службеници излезено било на лице место, по што лицата биле лишени од слобода.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа