Девојче тешко повредено во сообраќајка кај Струмица
Тринаесетгодишно девојче од Струмица е тешко повредено во сообраќајка што се случила вчера попладне во село Пирава.
Како што соопшти МВР, се судриле две патнички возила „Фолксваген“ со струмички регистерски таблички управувано од К.Б. (26) од Струмица и „Рено“ со словенечки таблички управувано од Д.С. (25) со престој во Република Словенија.
Во незгодата тешки телесни повреди здобило и лицето С.В. (44) од Струмица.
Деовјчето и С.В. кои биле во возилото „фолксваген“ се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Од судирот се повредени и другите сопатници од „фолксвагенот“, Г.И. (46), С.И.(45), А.А.(45), М.А.(23) и А.А., сите од Струмица, кои по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.
Повредена е и 17-годишна сопатничка од возилото „Рено“, но е пуштена на домашно лекување.
Увид на местото на настанот изврши Полициската станица Валандово. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа