Празните пофалби одат во историјата - со специјални одобренија ќе се рекламира здравата храна

 

Од 1. јануари следната година, здравата храна ќе може да се рекламира само со дозвола. Без одобрение од Агензијата за храна, ниту една фирма веќе нема да може да рекламира одредена нутритивна вредност на храната, ниту да објавува дека таа храна го подобрува здравјето.

- Секоја фирма што има намера да рекламира дека одреден производ има позитивни влијанија врз здравјето на луѓето ќе мора да поднесе барање до комисијата, која ќе одреди дали таа реклама е соодветна за него. Ќе се разгледуваат здравствените тврдења, кои се однесуваат на намалување на ризикот од болест или за развој на децата и за нивното здравје. За да биде прифатено одредено барање, освен другата документација, производот мора да има и клиничка студија, која е доказ за рекламата, велат од Агенцијата за храна, пренесува Курир.

Kомисијата ќе ги прифаќа сите барања на фирмите што увезуваат ваква храна, а кои веќе имаат одобрување за продажба во Европската Унија. За храната која е произведена надвор од Унијата и во Македонија, ќе бидат издавани нови одобрувања. Списокот со здравствените тврдења за одреден производ ќе биде објавен на веб-страницата на Агенцијата за храна, а ќе има и посебен список за поднесени и неодобрени тврдења.

18.09.2013 - 13:07

најчитано сега