Потврдено: Самсоненко си заминува од ФК Вардар
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска соопшти дека бил известен од раководството на ФК Вардар на чело со Сергеј Самсоненко, дека тој повеќе нема да инвестира во клубот.
– ФК Вардар е сопственост на Град Скопје со 51 отсто. Известен сум од луѓето на кои Градот таа сопственост им ја отстапил да ја користат, дека веројатно во идниот период ќе се откажат од таа работа. Официјално кога ќе седнеме да разговараме, јавноста ќе биде известена, изјави денеска Шилегов.
Русинот во Вардар пристигна во 2014 година, а под негово водство, „црвено-црните“ остварија историски успех со пласманот во групната фаза од Лигата на Европа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа