Бизнис делегација од Полска во посета на Виница
Денеска во работна посета на Виница престојува бизнис делегација од градот Киелце,Полска.
Бизнис делегацијата беше примена од градоначалникот на опшптина, Емил Дончев.
- Во СОУ„Ванчо Прке“ полската делегација понуди опремување со машини за машинската работилница во училиштето, а во компанијата „Макпрогрес“ за пласман на производи на полскиот пазар, истакна градоначалникот Дончев.
Томас Бугоцки, претседавач на Советот на општина Киелце, информира дека понудиле бизнис осработка во областа на прехранбената и месната индустрија, градежништвото и пласманот на вино. - Ние сме воодушевени од вкусот на македонското вино и на историските споменици за што ќе понудиме и неколку туристички посети на Виничкиот крај со богатите знаменитости, посебно Виничкото кале каде се пронајдени виничките Теракотни икони, истакна Бугоцки.
Полската делегација ги посети Виничкото кале, Музејот Теракота како и Здравствениот дом во Виница.