Страшна несреќа: Голф прегази четиригодишно детенце во Скопје
На улицата „Благоја Паровиќ“ во Скопје вчера во 22:15 часот, патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 41-годишниот Е.Б. од Скопје, удрило во четиригодишно девојче од Скопје.
Од ударот девојчето се здобило со тешки телесни повреди и со истото возило било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.
По укажаната лекарска помош девојчето било задржано на понатамошно лекување.
Увид извршила екипа од СВР Скопје.
21.08.2018 - 09:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа