Директор од Прилеп крадел вода од Водоводот
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против 60-годишниот Б.Т. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.
При контрола од страна на Јавното комунално претпријатие „Водовод и канализација“-Прилеп, биле пронајдени диви приклучоци на четири објекти што ги користи Д.Т.У. Градски базен –„Маркови Кули Трејд“, „Маркови Кули Петрол“ и „Маркови Кули Трејд Спортска сала“, раководени од пријавениот, со намера да прикаже помало количество за наплата на потрошена вода.
21.08.2018 - 14:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа