МВР со детали за инцидентот кај хотелот Арка: Лицата се предупредени

 

Вработена во хотел Арка денеска пријавила дека спроти хотелот сопственикот на објект во изградба го демонтирал скелето кое било поставено од страна на хотел Арка покрај објектот во изградба.

МВР веднаш постапи по добиената пријава и полициски службеници излегоа на лице место. Констатирано е дека се работи за имотно правен проблем и со оглед на тоа дека не е констатирано нарушување на јавниот ред и мир, лицата се предупредени и упатени проблемот да го решат преку надлежните институции. По одредено време, превентивно повторно е излезено на лице место и по извршениот разговор со лицата затекнати пред хотелот, полициските службеници биле известени дека засегнатите страни се упатиле во општина Чаир, информираат денеска од МВР.

Дотоа, добиена е пријава од машко лице дека некој го попречува влезот во хотелот односно не им дозволува излез на гостите. Полициски службеници повторно излегоа на лице место и во моментот кога пристигнале не е констатирано попречување на влез и излез на лица од хотелот.

Дополнително, се преземаат соодветни мерки и активности за утврдување на фактите од пријавата и целосно расчистување на случајот.

 

 

 

23.08.2018 - 20:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега