Труп лежел во близина на бензинска - хорор сцена за девојка од Скопје
Во 17.32 часот во Полициската станица Гази Баба, вработен на бензинска пумпа на улицата „Кеј Димитар Влахов“ пријавил дека на бензинската пумпа дошло непознато женско лице и пријавило дека во близина на пумпата имало починато лице.
По преземени мерки било утврдено дека починатото лице е 40-годишниот Р.Л. од Куманово.
По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.
24.08.2018 - 10:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа