Девојче од Скопје отишло во одморалиштето „25-ти Мај“ - на одморот го силувале
Во 23.00 часот во Полициската станица Струга, 14-годишно девојче од Скопје од Домот за деца со социјални проблеми, кое престојувало во одморалиштето „25-ти Мај“, пријавило дека истиот ден околу 16.00 часот непознато лице извршило полови дејствија над неа.
Според пријавата, девојчето било на плажа и потоа заминало кон излезот од Струга. Таму било пресретнато од непознато лице со непознато возило, кое се понудило да ја превезе.
По кратко време лицето застанало во близина на село Калишта и го сторил делото, по што ја вратил во одморалиштето.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа