Несреќа во Македонија: Камен го погодил во глава - починал на лице место
Од Итна медицинска помош вчера во 14:25 часот во полиција е пријавено починато лице. Станува збор за 54-годишниот М.Н. од Кавадарци, вработен како инжинер во фирма „Мак-Дрил“.
Истиот при минирање на ископ во рудник „Говрлево“ бил погоден од камен во пределот на градите, по што починал на местото на настанот. Извршен е увид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
25.08.2018 - 10:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа