СДСМ: Ќе соопштат ли ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски став за референдумот?

 

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ниту денеска ли нема да кажат јасен став за референдумот и најзначајното прашање во историјата на независна Македонија? Опозициската партија ќе продолжи да измислува, да манипулира и да шири лажни вести за најразлични прашања, тоа е сигурно. Но ќе соопшти ли јасен став за најважното прашање?“ прашуваат од СДСМ преку соопштение.

Оттаму обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со недели измислуваат сè и лажат за сèшто, само за да не го искажат ставот за референдумот за македонската иднина.

„Граѓаните се цврсто определени за напредок и интеграција.

Граѓаните се определени за влез во ЕУ и НАТО со заштитен македонски идентитет.

Граѓаните се определени за влез во ЕУ и НАТО преку прифаќање на Договорот со Грција.

Македонија оди напред и враќање назад нема“ се вели во соопштението на СДСМ.

 

 

 

25.08.2018 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега