СДСМ: Граѓаните ќе дадат силна поддршка на референдумот - Мицкоски ја враќа Македонија назад

 

Дали и денеска ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски повторно нема да покажат одговорност пред граѓаните и државата и нема да соопштат јасен став за референдумот за македонската иднина?, прашуваат од СДСМ во писмено соопштение

„ВМРО-ДПМНЕ е единствениот политички субјект што нема јасен став за најважното прашање во поновата македонска историја.

Дали на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им пречи напредокот на Македонија? Дали им пречи тоа што пред нас е шансата за влез во ЕУ и НАТО со заштитен и загарантиран македонски идентитет?

Дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да ја вратат Македонија во темното минато, во времето на насилство, криминал, неизвесност и тензии?

Граѓаните се определени за светла иднина, за влез на Македонија во ЕУ и НАТО преку прифаќање на Договорот со Грција.

Граѓаните се определени за развој, напредок и интеграција.

Затоа на 30 септември одлучно и достоинствено граѓаните ќе кажат ДА за членство во ЕУ и НАТО со заштитен македонски идентитет, ќе кажат ДА за македонската иднина“ - стои во соопштението на СДСМ испратено утрово

 

 

 

26.08.2018 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега