ВМРО-ДПМНЕ: Македонија не смее да тоне во капитулации - СДСМ мора да си замине
„СДСМ наместо да праќа смешни и бледи соопштенија, подобро ќе биде да се откаже од фрлање пари за промоција на капитулантскиот договор за промена на името и парите да ги пренамени за продуктивни работи од кои придобивка ќе имаат граѓаните на Република Македонија.“ - се вели во писменото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
„ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ги потсетува и Зоран Заев и СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која својот легитимитет го црпи од народот и ги штити интересите на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ единствено одговара пред граѓаните на Република Македонија.
СДСМ нема програма и план за работа. СДСМ единствено што знае да работи е да креира хаос и безредие.
СДСМ изминатиот период покажа само расипништво на секое поле.
СДСМ мора веднаш да замине. Република Македонија и граѓаните не смеат да продолжат да тонат од капитулантската политика која СДСМ и Заев ја спроведуваат“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа