Пратеникот на СДСМ си поднесе оставка во Собранието
Пратеникот од редовите на СДСМ, Петар Атанасов поднесе оставка од пратеничката функција.
Тој испратил допис до Собранието во кој бара оставката да биде ставена на следната седница, а од Законодавниот дом велат дека оставката на Атанасов ќе биде ставена на дневен ред во среда.
Атанасов ќе биде предложен за помошник министер во Министерството за образование и наука.
Неговото име, за оваа функција беше споменато од премиерот Зоран Заев при владината реконструкција, но бидејќи не беше компониран составот на Државната изборна комисија која треба да ја констатира оставката, оваа смена не беше направена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа