СДСМ: Дали на ВМРО-ДПМНЕ му пречи успехот на Македонија па молчи за референдумот
После години на изолација, поделби, уназадувања и неизвесност, Македонија конечно се движи во добар правец, кон целосна интеграција во ЕУ и НАТО кои се врвни стратешки интереси.
Дали на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им пречи успехот на Македонија па затоа не соопштуваат јасен став за референдумот и најважното прашање за македонската иднина?
Дали молкот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ значи противење на интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ?
Граѓаните знаат дека Македонија и вредносно и цивилизациски припаѓа во ЕУ и НАТО и без разлика на неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ја препознаваат историската важност.
На 30 септември граѓаните ќе ја искористат историската шанса и ќе изберат иднина, ќе изберат влез во ЕУ и НАТО со зачуван македонски идентитет.
Граѓаните ќе излезат за македонската иднина!
Центар за комуникации со јавност на СДСМ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа