Грчева: Скандалозна изјава на Камбовски - народот да не се плаши
Прашуваме дали е ова предзнак на воведување на полициска држава, каде правото на слободен говор ќе биде кривично казниво? Дали е ова знак на воведување на диктатура во која секој кој нема да аплаудира на одлуките на владата ќе оди во затвор? - се вели во соопштението на Глас за Македонија потпишано од Претседателката Солза Грчева
„Изјавата на академик Камбовски, објавена во порталот “Сакам да кажам“ , кој организирањето на бојкот на референдумот го карактеризира како кривично дело, партијата ГЛАС за Македонија ја оценува во најмала рака како скандалозна, правно неиздржана, нелогична и како безуспешен обид за заплашување. Камбовски подметнува дека правото на не излегување на гласачко место е отпор кон законита одлука, па според тоа агитирање за не излегување на гласачко место е кривично дело. Според Камбовски правото на слобода на говор е кривично дело.
Организирање на отпор кон законита одлука би било организирање на физичко спречување на гласачи да пристапат до гласачките места. А никако не агитирање за исходот на референдумот. Ова е не само правна, туку основна логичка грешка.
Право на изјаснување на референдум „за“, „против“ или не излегување на гласање (или бојкотирање) се три подеднакво легитимни права. Според тоа, правото за агитирање за било кое од овие легитимни права е легитимно. Тоа Е право на слобода на говор.
Монструозно е агитирање за било која опција да претставува кривично дело. Дали и Претседателот на Собранието прави кривично дело, доделувајќи пари за агитација за сите овие три можности?
Тоа им е јасно на Колумбиските правници и власти, каде вчера немаше цензус на референдум против корупцијата. Очигледно, можеме да учиме за демократија и право дури и од Јужноамериканските држави.“ - пишува во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа