Директорот на ФЗОМ се сретна со консултант на УНФПА за репродуктивно здравје

 

Денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Маја Парнарџева Змејкова оствари средба со меѓународниот консултант на УНФПА за репродуктивно здравје Годфри Вокер, и со претставници на Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации - УНФПА.

Целта на средбата била да се утврдат можните рамки на соработка во врска со реализирање на активности од Акциониот план за намалување на матерналната, перинаталната и доенечката смртност за 2013-2014 година, кој беше усвоен на седница на Владата на 29 јуни, а на средбата станало збор и за сегашната состојба во Република Македонија поврзана со активностите за репродуктивно здравје.

Директорката Парнарџиева Змејкова укажа на важноста од едукација за заштита на сексуалното здравје и ги информираше кои се превентивните мерки и активности за заштита сексуално преносливите инфекции кои ги презема ФЗОМ во рамки на своите надлежности, како на пример преку избор на матичен гинеколог и спроведување на целите кај матичните гинеколози како реализирање на ПАП тест, колпоскопија по индикација на позитивен ПАП тест како и микробиолошките тестирања, стои во соопштението од ФЗОМ.

19.09.2013 - 12:14
Фото: 
Канал5

најчитано сега